Рои Кин бесен: Не би ги пуштил Де Хеа и Мегваер да се качат во автобусот, со такси нека се вратат во Манчестер

by
1 минути читање

Тотнем и
Манчестер јунајтед вечерва ги поделија бодовите откако одиграа 1-1. Стивен
Бергвајн го отвори резултатот во првото полувреме, Холанѓанецот лесно го претрча
Хари Мегваер, а потоа силно биеше и го совлада Давид де Хеа, кој можеше да
реагира подобро и да одбрани.

Гостите беа
подобар противник во продолжението и изедначија со ударот од белата точка на
Бруно Фернандеш.

Легендата на
„ѓаволите“; Рои Кин, кој беше стручен коментатор за Скај Спортс, не можеше да
поверува како „спарси“ поведоа, и жестоко удри по Мегваер и Де Хеа.

„Шокиран сум. Имам
гледано многу натпревари, и уште не можам да поверувам што се случи. Чурам.
Вчудоневиден сум од Мегваер, како може репрезентативец на Англија да биде ваква
поминат. Исто така, преку глава ми е од голманот. Се работи за етаблиран
интернационалец и мораше да го одбрани ова. Останав стаписан“
– вели Кин.

„Во мое време,
сигурно ќе летаа боксови во соблекувалната на полувреме“.

„Мегваер и Де Хеа
не би ги пуштил да се качат во автобусот по крајот на натпреварот. Со такси
нека се вратат во Манчестер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×