Посакувано сценарио за Баерн, Гвардиола откри дека Сане одбива нов договор

by
1 минути читање

Сане сака преселба во Баерн Минхен и не сака да ја продолжи соработката со Манчестер Сити кој неколку пати му понудил нов договор.

Доколку Баварците или некој друг се договорат со Манчестер Сити за висината на обесштетувањето, Сане ќе си оди ова лето, а доколку не пронајдат заеднички јазик, фудбалерот ќе замине следното лето како слободен играч.

„Лирој рече дека нема да го продолжи договорот па тоа значи дека сака да си оди и тоа ќе се случи ова лето или кога ќе му истече договорот“, вели Гвардиола.

„Клубот разговараше со мене, тие два-три пати му понудиле продолжување на договорот но тој одбил и тоа значи дека сака да игра за друг клуб“.

„Доколку на крајот од сезоната се договориме со некој друг клуб, тој ќе замине“.

„Ако не се договориме, тогаш ќе остане уште една година и ќе си оди кога ќе му истече договорот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×