Аргентинец откри дека му понудиле 500.000 да го повреди Роналдињо, реакцијата на Бразилецот била неверојатна

by
1 минути читање

Фернандо Касерес, кој имаше долга и богата кариера во неколку клубови помеѓу кои Ривер, Бока, Сарагоса и Селта а го носеше и
дресот на „гаучосите“
, раскажа
интересна приказна од времето кога настапуваше во редовите на клубот од Виго.

Аргентинецот имал
понуда од 500.000 аргентински пезоси да го повреди Роналдињо.

„Со Селта игравме
против Барселона и кога Роналдињо прв пат ја допре топката, го удрив од зад грб“

– раскажува Касерес, кој во
2009 беше погоден во глава при грабеж, осум неделе беше во кома но за чудо
остана жив.

„Му помогнав да
стане и му кажав дека ми беа понудени 500.000 пезоси да го повредам. Тој само
ме погледна и ми рече; „Фати ме ако можеш“. Повеќе не го маркирав“.

„Бев исплашен, го
имаше тој лут поглед и кога го имаше тој израз на лицето, беше навистина добар, силен и
импресивен играч. Знаев дека ќе ме посрамеше со некој потег, па се повлеков“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×