Судот пресуди во полза на Барса, Нејмар ќе треба да враќа милиони

by
1 минути читање

Иако постојано се шпекулира за враќање на Нејмар во Барселона, двете страни подолго време водеа и правна битка во каталонскиот суд.

Се работи за бонус за лојалност во висина од 50 милиони евра кој Барселона требаше да му го исплати на Нејмар со продолжувањето на договорот од 2017. Барселона му исплати на Нејмар една рата во висина од 6,7 милиони евра, но веднаш потоа тој реши да го напушти клубот и да се пресели во ПСЖ.

Нејмар го бараше и остатокот од бонусот и реши да се тужи со Барселона, но не само што не го доби тоа што го сакаше туку треба да ја врати назад и првата рата.

Судот пресуди дека со заминувањето во ПСЖ, Нејмар ја прекршил клаузулата за бонус од договорот и не му следува наградата за лојалност.

„Пресудата во целост го отфрла барањето на играчот со кое тој бара исплата од 43,6 милиони евра и прифаќа голем дел од барањето поднесено од Барселона, врз основа на кое играчот ќе мора да врати 6,7 милиони евра“, стои во соопштението на судот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×