Месут Озил е
најплатениот фудбалер на Емирати со неделни примања од околу 350.000 фунти, но
„топчиите“ имаат малку аир од сето ова. За ре-стартот на сезоната и дербито со
Манчестер Сити, Германецот не се најде ниту на клупата.
Па медиумите
почнаа да прават калкулации, колку милиони Арсенал потрошил на плата и каков е
придонесот на фудбалерот.
Сезоната на
Арсенал започна на 11. август, тоа значи дека до сега се поминати 45 недели, па
Месут Озил на име на плати има заработено 15,75 милиони фунти.
Тој има
забележано 23 настапи на кои има постигнато само еден гол и три асистенции и најпростата математика вели дека еден гол на Месут Озил чини 15,75 милиони фунти, а една асистенција 5,25 милиони фунти.
Загрижува
и податокот дека Германецот оваа сезона има повеќе минути надвор од теренот отколку
на теренот. Арсенал со Месут
Озил на теренот има 1.812 минути, додека без Месут Озил на теренот има 1.968 минути.
Што е најжално,
Германецот беше прв што се побуни за кратење на платите и не прифати помали приходи поради коронавирус
криата, па многумина прашуваат дали ова е најлошиот договор во историјата?