„Црвените“ долго
време се поврзуваа со Тимо Вернер, но се откажаа од напаѓачот и дозволија Германецот
да се пресели во Челси.
Се шпекулира дека Јирген Клоп на ум има други засилувања и на врвот на листата со желби се Адама Траоре и Рубен Невеш, за
дуото на Вулверхемптон ќе биде потребни помеѓу 100 и 110 милиони фунти.
Па за да се
приберат пари, ќе има мала реконструкција на Енфилд и летоска ќе си заминат
шестмина фудбалери.
Ливерпул ќе бара
купци за Џердан Шакири, Дивок Ориги, Дејан Ловрен, Марко Грујиќ (кој е на
позајмица во Херта), Хари Вилсон (кој е на позајмица во Борнмут) и Адам Ланана,
кој речиси сигурно нема да добие нов договор.
Под знак прашалник е и иднината на Наби Кеита, но се верува дека фудбалерот од Гвинеа ќе добие уште една шанса да ги оправда вложените 60 милиони евра за негов ангажман.