Вернер вели дека Лајпциг засекогаш ќе му остане во срцето, а не сакаше да ја доигра сезоната во ЛШ со нив

by
1 минути читање

Веќе нема дилеми, Челси и објави дека е договорен трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг.

Поради коронавирусот оваа сезона завршува подоцна од предвиденото, Лајпциг во август во Лисабон ќе игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите, но Вернер се реши да се опрости од германскиот клуб по крајот на Бундеслигата.

Иако беше еден од клучните играчи за успехот на Лајпциг во ЛШ, тој му го врти грбот и нема да оди со сегашните соиграчи во Лисабон, туку ќе се пресели кај новите во Лондон.

„Пресреќен сум што потпишувам за Челси, ова е многу горд момент за мене што одам во така голем клуб. Се разбира сакам да му заблагодарам на РБ Лајпциг, на клубот и фановите за фантастичните четири години. Засекогаш ќе останете во моето срце. Сега гледам напред кон следната сезона со моите нови соиграчи, мојот нов тренер и се разбира фановите на Челси. Заедно може да имаме многу успешна иднина пред нас“, изјави Вернер за официјалниот сајт на Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×