164
Челси и дефинитивно ја доби траката по услугите на Тимо Вернер. Тоа што се најавуваше сега е и официјално потврдено од клубот.
„Челси постигна договор со РБ Лајпциг за ангажман на Тимо Вернер. 24-годишниот фудбалер ги договори личните услови со Сините и ќе остане во германскиот клуб до крајот на сезоната во Бундеслигата. Тука ќе дојде во јули кога ќе ги помине медицинските прегледи“, стои во соопштението на Челси.
Тимо Вернер одлучи да не ја доигра сезоната со Лајпциг во Лигата на шампионите, тој нема да оди во Лисабон, ќе се пресели во Лондон веднаш по завршувањето на германското првенство.