Гатузо: Верувам во фудбалскиот Бог, тоа што ќе си посееш, тоа ќе ожнееш

by
1 минути читање

Емоциите на Гатузо беа големи и поради неговата сестра која неодамна почина. Ова беше и неговиот прв трофеј како тренер.

„Животот и особено фудбалот ми дал многу повеќе отколку што јас сум му дал нему. Тој не направи човек. Во животот секогаш прво мислите на вашите родители и вашата фамилија, па природно е тешко да го прифатиме тоа што ни се случи“, вели Гатузо алудирајќи на смртта на неговата сестра.

„Имам таква пасија за фудбал што знам дека не можам да го пуштам ни една секунда“.

„Сите кои ја имаат оваа работа мора да го почитуваат тоа бидејќи ние сме среќни. Затоа сум лут кога не гледам пасија. Не жалам за мојата кариера, истото тоа сакам да го кажат и овие фудбалери кога ќе завршат. Верувам во фудбалскиот Бог, кога работите правилно, тоа што ќе си посеете, тоа и ќе ожнеете, работите ви се враќаат“.

По пеналите Гатузо ги собра фудбалерите околу себе и им одржа говор. Тој им рекол дека сега целта е место во Лигата на шампионите.

„Наша должност е да ги одиграме последните 12 меча од Серија А со почит. Наша должност е да пробаме, не можеме да мислиме дека сме ја оствариле нашата цел и да се предадеме. Мислам дека има голема бодовна разлика, но треба да се обидеме, да дадеме се од себе“.

Наполи на табелата во Серија А е на шестото место со дури девет бода помалку од Аталанта која е четврта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×