Дортмунд немаше за што да игра па му подари бодови на Маинц за опстанок, РБ Лајпциг шокиран за пет минути (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Милионерите“
немaа за што да играат откако Баерн Минхен синоќа стигна до нова титула во
Бундеслигата, па Маинц вечера триумфираше во Дортмунд со 0-2 и освои три големи
бода со кои веројатно си го обезбеди статусот во елитата за следната сезона.

Букард погоди за
0-1 во 33. минута од мечот, а на стартот од вториот дел, Матета од пенал донесе
нова радост и 0-2.

Драгоцен бод освои
и Фортуна Дизелдорф со два гола за пет минути во финишот од натпреварот. Кампел
погоди по еден час игра за предност на РБ Лајпциг од 1-0, а три минути подоцна
Вернер зголеми на 2-0,

И кога сите
мислеа дека „биковите“ ќе триумфираат, Скрибски ги врати гостите во игра во
87. минута, а во судиското надополнување, Хофман реализираше за 2-2. Со овој
бод, Фортуна сега е на +1 во однос на Вердер Бремен во битката за позицијата која носи бараж за
опстанок.

Баер Лервекузен
со 3-1 го совлада Келн и се врати во топ 4, а Хофенхајм со 1-3 славеше против
Аугсбург и ја продолжи битката за излез во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×