160
Михајловиќ имаше уште две години од актуелниот договор со клубот, но Болоња одлучи да му го продолжи до 2023.
„Болоња информира дека постигнавме согласност со Синиша Михајловиќ за продолжување на неговиот договор до 30 јуни 2023“, стои во соопштението на клубот.
Како тренер на Болоња, Михајловиќ ја водеше најголемата животна битка, успеа да излезе како победник против леукемијата. Србинот сега се чувствува добро и повторно е во одлична физичка кондиција.
Тој и кога беше болен се обидуваше да работи со тимот колку што е можно повеќе барајќи разни начини да биде со нив.
Во изминатиот период двете страни дополнително се поврзаа по што продолжувањето на соработката беше логично.