Рашфорд: Не е убаво кога ја гледате сопствената мајка под стрес… пресреќна е што направив разлика, вчера ми се јави 10 пати

by
2 минути читање

Напаѓачот на
Манчестер јунајтед е херој на „островото“ откако испрати писмо полно со емоции и ги замоли властите да ја продолжат мерката за бесплатен училишен оброк
наменет за децата од сиромашни семејства.

Маркус Рашфорд го
сподели своето искуство, објасни како тој користел ваквата мерка како дете, колку таа значела за неговото семејство и
порача дека веројатно немал да стане фудбалска ѕвезда доколку не била помошта
од државата и добрината на луѓето.

Гласот на
фудбалерот стигна до премиерот Борис Џонсен, кој реши да се предомисли и да
одвои 120 милиони за 1,3 милиони деца да добијат бесплатен училишен оброк и за
врема на летниот распуст, односно семејствата ќе добијат неделен ваучер од 15 фунти
со кои ќе можат да пазарат во маркетите.

„Не е убаво кога
ја гледата сопствената мајка под стрес или како таа е несреќна. Токму ова ме
погодуваше многу кога бев млад и ме инспираше да се обидам да направам промена, да направам разлика.
Од прва рака знам каква е ситуацијата на децата но и на родителите, па сакав да
направам промени на подобро. Успеавме да обезбедиме средства за шест недели, и
сега ќе продолжиме да наоѓаме начини да им
помогнеме на оние на кои им е потребна помош“
– вели Рашфорд во разговор со
БиБиСи.

„Мајка ми е
пресреќна, вчера ми се јави десет пати. Знам дека е гордна на мене и она што го
правам, знае колку ова може да им го промени животот на луѓето. Доколку нешто вакво
се случеше кога јас бев дете, сигурно ќе и го променеше животот“.

„Има луѓе кои не
спијат, не можат нормално да ги извршат дневните обврски бидејќи цело време
мислат на тоа дали нивните деца ќе имаат што да јадат. Не можат да си ги следат
соништата, тоа многу ме погоди и затоа сакав да помогнам. Не сакам луѓето да
поминуваат низ она што поминавме јас и моето семејство“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×