164
Реал Мадрид се посочуваше како следна дестинација за Ван де Бек, но кралскиот клуб реши да не го купи фудбалерот поради економската криза создадена од коронавирусот.
Таквиот развој на настаните го става Манчестер јунајтед во пол позиција за потписот на Ван де Бек.
„Можноста Ван де Бек да оди во Реал Мадрид е нула“, вели Валентијн Дрисен, новинарот на холандскиот весник „Де Телеграф“.
Според „Дели Стар“, Манчестер јунајтед е подготвен да реагира и да почне преговори со Ајакс за ангажман на Ван де Бек.
Се верува дека Холанѓанецот сигурно ќе го напушти Ајакс откако минатото лето беше замолен од клубот да остане уште една сезона по што тие ќе му помогнат да се пресели во нова средина.