Барселона синоќа
не блескаше против Леганес но ја заврши работата, победи со 2-0 и повторно
отиде на +5 во однос на Реал Мадрид. Ансу Фати го отвори резултатот во финишот
на првиот дел, а трите бода беа осигурани во 70. минута, кога Лео Меси изнуди
пенал и потоа погоди од белата точка.
Најстрогата казна
беше спорна, гостите се бунеа, се проверуваше и со ВАР, но одлуката остана. Ваквиот
развој на настаните не им се допадна во Мадрид од каде порачуваат дека немало
доволно елементи за најстрога казна и не се покажува на белата точка за таков
старт.
„Ова е фудбал,
немаше ништо. За мене ова не е пенал“ – вели поранешниот судија Итуралде за АС.
„Нема пенал. Да
има контакт, но тој не е доволен да се досуди најстрога казна. Надвор од
теренот можеби може да се досуди прекршок, но во шеснаесетникот нема доволно
елементи за пенал“ – вели поранешниот судија Хуан Андухар Оливер за Марка.
Esto solo sería penalti si Messi fuese negro. Vaya escándalo.pic.twitter.com/vvO0NrzBBS
— Puigmelont (@puigmelont) June 16, 2020