Елмас вечерва ќе се бори за својот прв трофеј во Италија

by
1 минути читање

Вечерва со почеток од 21 часот Наполи и Јувентус ќе ја почнат битката за трофејот од Купот на Италија.

Елиф Елмас по трансферот во Наполи прв пат се наоѓа во позиција да се бори за трофеј.

Тој беше стартер во полуфиналето против Интер, но според италијанските медиуми вечерва Елмас ќе почне од клупата за резерви.

Местото на македонскиот репрезентативец ќе го земе Фабиан Руиз кој се мачеше со повреда, но сега е комплетно фит за настап.

Против Интер Руиз влезе од клупата за резерви иако вообичаено тој има место во стартниот тим.

Како и да е се очекува Елиф Елмас да игра вечерва на Олимпико без разлика колку минути ќе има. Натпревар во кој може да се освои трофеј има поголема тежина од обичен меч, македонскиот фудбалер сигурно ќе има голема мотивација да даде свој придонес вечерва и да остави силен впечаток.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×