Гризман добива совет да си оди: Кога клубот не ти одговара или не те сака, треба да заминеш

by
1 минути читање

Поранешниот француски репрезентативец, Ерик ди Меко, го советува Гризман дека треба да си оди од Барселона.

„Не се сомневам во квалитетите на Гризман кои се огромни. Тој е голем фудбалер но кога клубот не ви одговара или не ве сака, најдобро е да одите на друго место“, вели Ди Меко.

„Многу клубови со раширени раце ќе го примат, клубови во кои може да се истакне“.

„Барселона е многу посебен клуб. Неколку играчи имале проблеми таму како Тјери Анри или Златан Ибрахимовиќ“.

Ди Меко се сеќава на првиот меч од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Наполи во осминафиналето.

„Ако добро се сеќавам во текот на првото полувреме тој само еднаш ја допре топката. Се чини дека Гризман сака да се вклопи во Барселона по секоја цена, но некогаш не е до вас и губите година или две, подобро е да заминете на друго место“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×