Фудбалот се враќа и во Англија, денеска Премиерлигата продолжува со големо дерби

by
1 минути читање

Поминаа точно 14 недели откако Премиерлигата беше прекината поради пандемијата на коронавирус, конечно фудбалот се враќа и во Англија.

Денеска на програмата се две заостанати средби, денот почнува со дуелот меѓу Астон Вила и Шефилд јунајтед кои играат од 19 часот, а од 21:15 е дерби натпреварот меѓу Манчестер Сити и Арсенал.

Посебно интересен ќе биде вториот дуел, не само што е дерби, туку тоа ќе биде двобој на Пеп Гвардиола и Микел Артета, двајцата до неодамна седеа заедно на клупата на Манчестер Сити, но сега се еден против друг.

Манчестер Сити е фаворит во овој натпревар и со победа ќе го одложи славјето на Ливерпул, но Артета внесе нов дух во тимот и позитивна енергија па Арсенал се надева на изненадување.

По овие два денешни натпревари од Премиерлигата, утре ќе има еден ден пауза, а следното коло почнува од петок кога исто така се игра големо дерби, Тотнем ќе го пречека Манчестер Сити, Мурињо повторно на мегдан против својот поранешен клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×