Барса не блескаше но ја заврши работата против последнопласираниот Леганес (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Каталонците“ одново се на +5 во однос на Реал
Мадрид, вечерва на Камп Ноу триумфираа со 2-0 над Леганес. Барса не блескаше но
ја заврши работата против последнопласираниот тим на табелата.

Гостите имаа две добри прилики на стартот од мечот
да го изненадат противникот, но не ги искористија. На спротивната страна, Барса
долго се мачеше и го отвори резултатот во финишот на првиот дел кога Ансу Фати
од врвот на шеснаесетникот биеше прецизно по земја за 1-0.

По 25 минути игра во вториот дел, Лео Меси доби
пенал, сам ја изведе најстрогата казна и ги постави конечните 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×