Пред почетокот на сезоната, Синиша Михајловиќ откри
дека има леукемија и дека мора веднаш да замине на третман. Србинот со месеци
добиваше терапија и успеа да ја добие битката. Тренерот на Болоња сега се
приклучи во акцијата за донирање коскена срж и откри дека секој ден се
чувствува посилен.
„Можеби е мала работа за дарителот, но замислите
какво е чувството кога знаете дека сте спасиле нечиј живот“ – вели Михајловиќ.
„Се чувствувам добро, секој ден сум посилен.
Поминаа речиси седум месеци по трансплатацијата, се надевам дека најлошото е ад
мене. Ќе ми треба една година за да се вратат работите во нормала, иако има
разлика од човек до човек“.
„Сега можам да истрчам 10 километри, да кревам
тегови, а имаше денови кога бев изморен. Многу е важно да го слушате вашето
тело, нема потреба да глумите херој“.