Газдата на Џенова: Пандев тука може да остане колку сака

by
1 минути читање

Планот на Пандев беше да игра до Европското фудбалско првенство бидејќи Македонија има реална шанса да биде таму, па со настап на едно големо натпреварување да ја заврши кариерата.

Но поради коронавирусот, Европското првенство се одложи за следната година, што значи дека ако сака да го исполни сонот Пандев ќе треба да го одложи пензионирањето.

Во интервју за „Газета дело Спорт“, претседателот на Џенова, Прециози вели дека му дал отворена понуда на Пандев за останување во тимот.

„На последната средба му реков: Сакаш да играш на Европското првенство? Тогаш остани тука колку да сакаш. Горан Пандев е еден од најсериозните фудбалери кои ги имам сретнато. Многу сум приврзан со него. Остава неизбришлив траг врз нас“, вели Енрико Прециози.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×