Барса одбила и 150 милиони евра од Јунајтед за Фати, Манчестер ќе мора да ја плати откупната клаузула за да го добие

by
1 минути читање

Првата понуда на Манчестер јунајтед за Фати беше 100 милиони евра, но таа експресно беше одбиена од Барселона.

„Тајмс“ пишува дека Јунајтед се вратил со понуда од 150 милиони евра, но Барселона и овој пат рекла НЕ.

Откупната клаузула во договорот на Ансу Фати со Барселона изнесува 170 милиони евра, па се чини дека тоа е сумата која Манчестер јунајтед ќе треба да ја плати за да го добие играчот.

Ако Јунајтед ја понуди таа сума, последниот збор ќе го има играчот кој ќе треба да одлучи што е подобро за неговата иднина, дали да остане во Барселона или да замине во Манчестер јунајтед каде ќе има повеќе шанси за игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×