Рами во соблекувалната се фалел за лудориите со Памела Андерсон: Во една вечер имавме секс 12 пати!

by
1 минути читање

Дефанзивецот
последниве неколку години беше во фокусот на вниманието поради љубовната врска
со поранешната „Плејбој“ зајачица Памела Андерсон, која заврши неславно откако
таа го обвини фудбалерот за прељуба но и за насилство.

Адил Рами сепак
има убави спомени од авантурата, во соблекувалната на ФК Сочи се фалел за
лудориите во креветот и открил дека во една вечер имале секс дури 12 пати. За деталите кои ги открил Французинот, сега раскажува Александер Кокорин.

„Го познавав од
претходно, уште кога беше во врска со Памела, се сретнавме на одмор. Кога дојде
во Сочи, повеќе не беше со неа. Ни раскажа интересни приказни, нормално сите
слушаа со внимание, сакаа да знаат каква е Памела во кревет. Ни кажа дека таа
била најдобрата жена во неговиот живот, имале секс дури 12 пати во една вечер“

раскажува Александер Кокорин.

„Не се срамеше да
открива вакви информации. Можете да замислите што му правела таа“.

Адил Рами пристигна
во Сочи на почетокот од оваа година, не одигра ниту еден меч и си замина по неколку месеци, но со своите сочни
приказни оставил впечаток кај соиграчите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×