Во изминатите години Тер Штеген се промовираше во еден од најдобрите голмани во светот, тој изјави дека сака да остане уште долго во Барселона, а и Каталонците го сакаат истото.
Но преговорите меѓу двете страни за продолжување на соработката се одвиваа бавно. Каталонскиот весник „Спорт“ вели дека конечно Тер Штеген и Барселона се блиску до договор.
Договорот на Тер Штеген трае до 2022, преговорите се почнати од февруари оваа година, а се прогнозира дека ќе завршат во август. Но ситуацијата сега е поинаква од претходно, двете страни пронашле формула за приближување на ставовите.
Тер Штеген бараше значително зголемување на платата според која ќе биде еден од најплатените во тимот. Но поради кризата со коронавирус, планот на Барселона е да ги намали трошоците на плати.
Германскиот голман ја сфатил ситуацијата на Барселона па ќе биде потпишан договор според кој Тер Штеген во првата година нема да добие некое големо покачување, но неговата плата ќе се зголеми од втората година на договорот.
Голманот на долг рок ќе го добие посакуваното покачување, а Барселона нема да има екстра трошоци овој кризен период.