АДЛ релаксиран со порака до Јунајтед, Сити, Барса и Реал: Платете 100 милиони евра и ваши се

by
1 минути читање

Калиду Кулибали и
Фабиан Руиз постојано се поврзуваат со неколку европски гиганти на чија листа
на желби високо котираат, меѓутоа, првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис
тврди дека ќе разгледува само вистински понуди, алудирајќи на „богати“ понуди
кои би пристигнале за двоецот соиграчи на нашиот Елиф Елмас.

Сенегалскиот
дефанзивец Кулибали е на листата на желби кај Манчестер јунајтед и ПСЖ, а што
се однесува пак до Руиз, за Шпанецот интерес имаат пријавено Реал Мадрид и
Барселона, меѓутоа Де Лаурентис инсистира на тоа дека нема никаква потреба да
ги продава ѕвездите без да пристигне богата понуда за нив двајца.

Фабиан има
важечки договор со клубот уште три години, Кулибали има две, каде е проблемот?

вели Де Лаурентис во изјавата за „Кориере дело Спорт“ алудирајќи на тоа дека нема никаков притисок кај него за да брза на оваа тема.

Доколку
Манчестер Сити или Манчестер јунајтед, или ПСЖ се појават со понуда вредна 100
милиони евра, ќе размислам за тоа, веројатно е дека би си заминале
“ додава тој,
наведувајќи дека ниските понуди како на пример во висина од 60 милиони евра
нема ниту да размисли дали да ги разгледа.

Нема ниту да
разгледувам понуди од 60 милиони евра, цврст сум, доколу сакав да го освојам Скудетото
по секоја цена, би имал долгови од 300 или 400 милиони евра, гледам наоколу
клубови со долгови од 500, 600 милиони евра, јас не му должам никому
“ заклучи
првиот човек на италијанскиот вицепрвак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×