Три гиганти во трка по Кулибали

by
0 минути читање

„Ла Република“ тврди дека е голем интересот за дефанзивецот на Наполи и ги посочува Сити, Јунајтед и ПСЖ како кандидати за неговиот потпис.

Кулибали во Наполи е од 2014 година и Де Лаурентис веќе одби неколку големи понуди за него.

Според италијанскиот весник, Де Лаурентис конечно решил да го продаде Кулибали доколку пристигне голема понуда.

Во еден момент тој одби и понуда од 100 милиони евра за дефанзивецот, но во услови на финансиска криза поради коронавирусот се очекува без размислување да прифати таква зделка, но тешко е за верување дека некој повторно ќе ја понуди таа голема сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×