Пандев постигна
гол на враќањето во Милано, Џенова по пет години го победи Милан на Сан Сири и
си замина со големи три бода.
Резултатот беше отворен
во 7. минута, Санабрија уфрли топка пред голот на Милан, а Горан Пандев
рутински ја затресе мрежата за 0-1. За Македонецот ова беше седми погодок оваа
сезона во Серија А.
Пред крајот на
првиот дел, од слична акција, Џенова поведе со 0-2. Една нафрлена топка од десната
страна стигна до Касата, кој од пет метри го матираше Беговиќ.
Милан се обиде да
се врати во второто полувреме, избраниците на Пиоли силно притиснаа и во 77. минута
успеаја да стигнат до 1-2, Златан Ибрахимовиќ најдобро се снајде по една
мешаница и го совлада Перин.
„Росонерите“ во
завршните минути имаа прилики за изедначување и бод, но Џенова издржа и стигна до
цел плен.
На вториот
натпревар од 15 часот, Сампдорија со два гола на Кваљарела направи пресврт во
второто полувреме против Верона и стигна до триумф од 2-1.