Хрватот минатата
недела имаше критики за работата на Иван Газидис, го обвини генералниот извршен
директор дека им работел зад грб (на него и Малдини) со тоа што преговарал со
Ралф Рангник, па веднаш беше повикан на разговор и му беше кажано дека заминува
од Сан Сиро.
Во петокот, Милан
му го врачил писмото со кое го известува за отказот, а синоќа беше испратено и
соопштение со кое официјално беше потврдена разделбата.
Звонимир Бобан не
чекаше многу да одговори, во разговор со Ил Џорнале откри дека „росонерите“
уште во декември го договориле Ралф Рангник и додава дека интервјуто кое го
чинеше работата било сосема легитимно.
„Не знаев дека
сме под диктатура како во Северна Кореја. Моето интервју беше легитимно и беше
дадено откако никој од раководствоот не се осмели да одговори на многуте
прашања и барања за појаснување на работите“ – вели Бобан.
Милан му врачи
отказ поради „вина на работникот“, не му следи обештетување, но Звонимир Бобан
ќе го тужи клубот и ќе бара финансиски надоместок за тоа што тригодишениот
договор му беше раскинат по само 9 месеци. Хрватот ќе користи совети на
правниците кои ги сретнал додека работел во ФИФА, и ќе спори дека Иван Газидис
со тоа што го договорил Ралф Рангник се мешал во неговата работа и работата на
Паоло Малдини, кои биле задолжени за спортскиот дел.
„Договорот со
Рангник е заврешена работа уште од декември месец, се колнам во ова. Можам да
му посакам само среќа, но мораа да ни кажат за ова. Морам да бидам информиран
за вакви случувања“.