182
Тотнем одигра исклучително офанзивно прво полувреме, постојано се играше на половината на Вест Хем, а тимот на Мурињо два пати ја тресеше мрежата.
Првиот гол го даде Сон, но посебен впечаток остави вториот погодок.
Сон со пета ја почна акцијата, а потоа Деле Али имаше едно впечатливо додавање до аут линијата кое го направи лежејќи. Стрелец на голот беше Мура.