Селтик и Севиља први обезбедија нок-аут фаза во ЛЕ, Лацио на прагот на елиминација уште во групата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Познати се првите
учесници во нок-аут фазата од Лига Европа, билет за шеснаестфинале вечерва
обезбедија Селтик и Севиља

Селтик со гол во
95. минута триумфираше на гостувањето кај Лацио и ги турна „бјанкочелестите“ во
бездна, кои сега се на прагот на елиминација уште во групната фаза.

Мечот почна
одлично за домаќините, Имобиле донесе водство а беа креирани уште неколку шанси
за зголемување на предноста. Сепак, една грешка на одбраната овозможи Форест да
се најде во шанса и да погоди за 1-1 во 38. минута. Лацио имаше неколку добри
прилики да се врати во водство, но не само што не ги искористи, Нчам во 95.
Минута реализираше за 1-2 и молк на Олимпико.

Севиља со 2-5
триумфираше на гостувањето кај Дуделанж и го завери првото место во Групата А.
Дабур и Ел Хадади реалзираа по два гола за гостите во првиот дел, а Ел Хадади
во продолженито стигна и до хет-трик. Синина во финишот со два гола само го
ублажи поразот.

Резултати од 18:55 часот:

Група А

АПОЕЛ – Карабак 2:1
Дуделанж – Севиља 2:5

Група Б

Копенхаген – Динамо Киев 1:1
Лугано – Малме 0:0

Група Ц

Базел – Хетафе 2:1
Краснодар – Трабзонспор 3:1

Група Д

Розенборг – Спортинг 0:2
ЛАСК Линц – ПСВ 4:1

Група Е

Лацио – Селтик 1:2
ЦФР Клуж – Рен 1:0

Група Ф

Стандард – Ајнтрахт 2:1

Група Л

Астана – АЗ Алкмар 0-5

Можно е и ова да ти се допаѓа

×