Челси имаше три негатива против Ајакс, на крај жалеше што не победи, Борусија со пресврт славеше над Интер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Луд меч на Стемфорд Бриџ одиграа Челси и Ајакс кој заврши нерешено 4-4. 

Возбудувањата почнаа уште во втората минута кога Абрахам си постигна автогол за водство на Ајакс од 1-0, само три минути подоцна Жоргињо од пенал го изедначи резултатот на 1-1.

Потоа следуваа три гола на Ајакс, Промес даде гол за 2-1, несреќниот Кепа Аризабалага си ја затресе мрежата за 3-1, а по десет минути игра во вториот дел Ван де Бек зголеми на 4-1.

Во 63. минута Аспуликуета намали на 4-2 и го врати Челси во игра.

Вистинската драма се случи во 68. минута кога во еден напад Ајакс доби два црвени картони, а Челси пенал. Блинд стартуваше опасно, судијата остави предноста и при истиот напад Велтман играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Судијата Роки им покажа второ жолти на Блинд и Велтман по што Ајакс остана со играч помалку. Жоргињо од пенал намали на 4-3.

Три минути подоцна Челси преку Џејмс го изедначи резултатот на 4-4. Сините постигнаа и петти гол преку Аспиликуета но тој беше поништен поради игра со рака на стрелецот на голот.

Драма имаше и во Дортмунд каде Борусија го победи Интер со 3-2.

По првото полувреме Интер водеше со 2-0 со головите на Лаутаро Мартинез и Весино. Но во вториот дел Хаким со два гола и Бранд со еден донесоа пресврт и голема победа за Борусија Дортмунд.

Наполи одигра само 1-1 против Салцбург, Елмас остана на клупата на овој меч. Ливерпул со 2-1 го совлада Генк. Лио со 3-1 славеше над Бенфика, а Валенсија со 4-1 го победи Лил. 

Претходно Барселона и Славија Прага одиграа 0-0, а Лајпциг со 2-0 славеше кај Зенит.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×