Првата ѕвезда на
Јувентус, Кристијано Роналдо испрати порака со поддршка до својот сонародник од
тимот на Евертон, Андре Гомеш, кој изминатиот викенд доживеа тешка повреда во
пресметката со Тотнем.
Португалецот се
здоби со фрактура по стартот на Сон кој беше шокиран од тоа што се случи, а
откако доби црвен картон теренот го напушти со солзи во очите, меѓутоа од
снимките јасно се увиде дека токму по контактот со Серж Орие, Гомеш се здоби со
тешката повреда која сигурно ќе го оддалечи една година од терените.
Многу фанови и
фудбалери испратија пораки со поддршка до Гомеш, меѓу кои секако беше и
Роналдо, кој до својот колега од репрезентацијата на Португалија напиша:
„Брзо закрепнување Гомеш, ќе се
вратиш посилен – голема прегратка“.
data-lang="en">