Робертсон е идентификуван за наследник на Марсело во Реал Мадрид?

by
1 минути читање

Според
неофицијалните информации кои пристигнуваат, се вели дека во Реал Мадрид во
Ендру Робертсон го идентификувале наследникот на Марсело во тимот, меѓутоа, на
„Кралевите“ нема да им биде лесно да стигнат до потписот на Шкотланѓанецот.

Шпанскиот гигант
инвестираше 55 милиони евра во Ферланд Менди од Олимпик Лион изминатиот летен
преоден рок, додека пак, Серхио Регилон во моментов е на позајмица во Севиља по
продажбата на Тео Ернандез во Милан.

Марсело
реализираше 493 настапи во дресот на Реал Мадрид од неговото доаѓање во клубот
во 2007. година од Флуминенсе, меѓутоа формата на Бразилецот е променлива во
изминатите 18 месеци.

„Дефенса Централ“
тврди дека има ексклузивна информација одвнатре од клубот, па така пренесува
дека Робертсон е најидеалниот наследник на Марсело во Реал Мадрид.

Како и да е, по
ангажманот на Менди, како и расположението на Робертсон на „Енфилд“, многумина
во оваа шпекулација гледаат нешто нереално, што тешко би се остварило доколку
навистина постои желба во Реал Мадрид за такво нешто.

25 годишниот
Робертсон важи за еден од најдобрите на својата позиција, дополнително тој има
важечки договор со Премиерлигашот до 2024. година, со опција во истиот за
дополнителни 12 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×