169
На последните три натпревари Наполи нема победа, поради лошите резултати тимот во моментов е на шестата позиција во Серија А.
Според „Кориере дело Спорт“, Де Лаурентис одлучил да го стави тимот во карантин за престојните натпревари против Салцбург во Лигата на шампионите и Џенова во Серија А.
Тоа значи дека најмалку до недела фудбалерите на Наполи ќе бидат сместени во тренинг комплексот на Наполи од кој ќе излезат само за одигрување на натпреварите.
Наполи во вторник го пречекува Салцбург во дуел од Лигата на шампионите, а во сабота игра на домашен терен со Џенова.