Милан губи, но според Пиоли тимот напредува

by
1 минути читање

За прв пат по 30 години Лацио го победи Милан на Сан Сиро. Росонерите уште еднаш ги разочараа своите навивачи, но Пиоли не е разочаран.

„Според мене, тимот напредува. Се разбира за табелата и ситуацијата важно беше да победиме, но прикажавме добри перформанси“, вели Пиоли.

„Преземавме ризик со цел да креираме шанси, со противникот се носевме до самиот крај и верувам дека сме на вистинскиот пат“.

„Се што можеме да направиме е да продолжиме да напредуваме на сите линии. Видов тим кој се бори напорно 95 минути. Не видов тим кој се мачи, кој е исплашен или со наведната глава“.

„Се уште правиме многу грешки, како што е додавање кога треба да ја задржиме топката или обратно, но кога дојдов тука видов депресивни и исплашени фудбалери, сега тоа не го гледам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×