331
Милан уште еднаш ги разочара своите фанови откако покажа немоќ и против Лацио и заслужено го загуби мечот.
Раководството неодамна го назначи Пиоли иако тој важи само за еден обичен просечен тренер во Серија А. Навивачите го сугерираа тоа, бараа тренер каков што му доликува на Милан, но челниците мислеа дека ќе променат нешто со ангажман на овој стратег. Очајот на Милан продолжи.
Лацио денеска поведе уште во 25. минута со убав гол на Имобиле со глава, само три минути подоцна Бастос си постигна автогол за изедначување на 1-1.
Во 83. минута Кореа постигна гол за ново водство на Лацио кое овој пат значеше и победа.
Победа на Лацио прв пат по 30 години на Сан Сиро.