Скандал во Серија А: Балотели доби расистички навреди па ја шутна топката кон трибини и го напушти теренот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Марио Балотели е во центарот на скандал во Серија А. Напаѓачот попладнево на дуелот помеѓу Верона и Бреша доби расистички навреди од публиката, ова толку многу го погоди, што тој реши сред игра да ја земе топката во раце и да ја шутне кон трибини.

Потоа нервозно тргна да го напушти теренот, и играчите од двата табори го смируваа и убедуваа да продолжи. Како дел од протоколот, играта беше стопирана и беше прочитано соопштение со кое навивачите беа предупредени дека следен ваков испад ќе значи и привремена суспензија на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×