222
Реал Мадрид се израмни бодовно со Барселона откако Каталонците загубија од Леванте, но тимот на Зидан пропушти да создаде два бода предност пред големиот ривал.
Кралскиот клуб одигра само 0-0 против Бетис на Сантијаго Бернабеу.
Херој на мечот беше голманот на Бетис, Роблес кој бранеше фантастично и не му дозволи на Реал Мадрид да победи и покрај тоа што создаде голем број на шанси.