Манчестер Сити и Ливерпул со пресврти до нови победи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Возбудливи натпревари во Серија А, Манчестер Сити и Ливерпул во финишот доаѓаа до победите, лесно можеа да кикснат, но се спасија.

Манчестер Сити влезе како огромен фаворит против Саутемптон, но гостите со гол на Ворд Праус во 13. минута дојдоа до водство од 1-0.

Тимот на Гвардиола долго време се обидуваше да изедначи, тоа конечно им успеа во 70. минута преку Агуеро. А победата дојде во 86. минута со гол на Вокер.

Победата на Ливерпул на Вила Парк беше уште потешка. Домаќините во 21. минута со гол на Трезеге дојдоа до предност од 1-0.

Ливерпул дури во 87. минута преку Робертсон изедначи на 1-1, а во четвртата минута од судиското продолжение Мане даде гол за победа од 2-1.

Арсенал на свој терен не успеа да го победи Волвс иако со гол на Обамејанг водеше со 1-0 од 21. минута.

На 15. минути до крајот Хименез погоди со глава за конечни 1-1.

Најубедлив денеска беше Шефилд јунајтед кој со 3-0 го совлада Барнли, Њукасл со 3-2 славеше на гостувањето кај Вест Хем, а Брајтон со 2-0 го совлада Норич.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×