Капитенот на
„топчиите“ во неделата на дуелот со Кристал Палас влезе во конфротација со
публиката откако доби свирежи кога беше повлечен од игра. Гранит Чака имаше
гест, им порача да „од**бат“ а потоа нервозно го соблече дресот и се упати
право во соблекувалната.
По неколку дена
молк, Гранит Џака синоќа се огласи преку писмо постирано на социјалните мрежи.
Тој се извини, објасни зошто реагирал недолично и како емоциите го понеле по
недели и месеци во кои трпел најразлични навреди.
Денеска беше
објавен составот на Арсенал за дуелот со Вулверхемптон и името на Гранит Џака
не се најде на списокот.
За одлуката да го
изостави фудбалерот од средниот ред, Унаи Емери рече: „Потребно е време за
ситуацијата да се врати во нормала, како за него, така и за нас“.
„Кажа дека жали,
им се извини на навивачите и сега е време да се фокусираме на следниот
натпревар“.
Запрашан дали
Џака ќе продолжи да ја носи капитенската лента, тренерот на Арсенал одби да
даде потврден одговор и само порача: „Тој нема да игра утре, па нема потреба да
мислам на ова. Сега треба да се фокусираме 100% на мечот. Во мислите треба да
ни биде само дуелот со Вулверхемптон и ништо друго“.