377
Ракитиќ го загуби стартното место во Барселона, натпреварите ги почнува од клупата. Тоа не му се допаѓа на Хрватот и честите се шпекулациите дека ќе си оди уште во јануари.
Андрес Иниеста ја советува Барселона да не го пушти Ракитиќ, смета дека тој е одличен играч и треба да остане во тимот.
„Јас не би го пуштил. Лично сметам дека е одличен фудбалер“, вели Иниеста.
„Тоа што го прави цело време е фантастично. Оваа година ги нема перформансите кои ги имаше претходно но тоа не значи дека не е одличен фудбалер“.