Клоп кажа што мисли за лудата идеја Ливерпул да игра два натпревари во исти ден на два различни континенти

by
1 минути читање

Германецот
попладнево се појави на прес пред дуелот со Астон Вила и неизбежно беше
прашањето за четвртфиналето од Лига купот. Терминот се поклопува со настапот на
„црвените“ на Светското клупско првенство во Катар и има луда идеја Ливерпул
да игра два натпревари во исти ден на два различни континенти.

Јирген Клоп, кој
во средата се закани дека неговиот тим може да се повлече од Лига купот доколку
не се пронајде соодветен термин, вели дека не може да се спроведе сценарио во
кое тие со два различни тима ќе играат во Лига купот и Светското клупско
првенство.

„Не знам кога ќе
играме во Лига купот. Очигледно е дека веќе се водат дискусии, мораме бидејќи
нема многу време за носење одлука, но се уште ништо не е решено“
– вели тренерот
на Ливерпул.

„Доколку треба да играме додека сме во Катар, тоа треба да бидат два различни
тима. Но не можеме да оставиме играчи дома за Лига купот. Имаме два натпревари
во краток период во Катар и не можеме да отпатуваме таму со 11 играчи и да
речеме, овие 11 момци ќе ги играат двата меча во Катар, а другите момци кои ги
оставивме дома во Англија ќе играат против Астон Вила. Работите не
функционираат вака“.

„Па мораме да
донесеме одлука и ќе донесеме одлука, но во моментов ништо не е решено“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×