Ливерпул би можел да игра ДВА натпревари во ИСТИ ден на ДВА различни континенти?!

by
2 минути читање

Ливерпул во
средата одигра луд натпревар со Арсенал, беа постигнати дури десет гола, а
шлагот на тортата беше пенал серијата со која се одлучи патникот во
четвртфналето во Лига купот. „Црвените“ беа подобри во изведувањето на ударите
од белата точка, се радуваа на прогрес во следната рунда, но ова значеше
кошмарен распоред.

Јирген Клоп
веднаш по крајот на натпреварот предупреди дека тие би можеле да се повлечат
од Лига купот и да не го одиграат следниот меч. Проблем е тоа што натпреварите
од четвртфиналето се закажани за 17 и 18. декември, а Ливерпул на 18. декември
веќе има закажани обврски и полуфинале на Светското клупско првенство во Катар.

Па Премиерлигата,
ЕФЛ и Ливерпул отвориле дискусија за да се одбере соодветен термин. Според
пишувањата на Мирор, најлогично е Ливерпул да гостува на Вила Парк на 8.
јануари, кога се закажани првите мечеви од полуфиналето во Лига купот. Доколку
победникот од дуелот помеѓу Астон Вила и Ливерпул не игра реванш во третото
коло од ФА Купот, календарот дава можност двата меча од полуфиналето да се
одиграат пред финалето кое е закажано за 1. март на Вембли.

Но на дискусиите
се разговарало и за идејата да нема промена на датумот на четвртфиналето, а со
тоа и историски подвиг, односно Ливерпул да одигра ДВА натпревари во ИСТИ ден
на ДВА различни континенти.

Јирген Клоп за
Катар треба да понесе 23 играчи, но би можел да остави добар дел од нив во
Англија, за тие да се пресметаат со Астон Вила, а Германецот со краток состав
да ги одмери силите во полуфиналето на Светското клупско првенство. Фудбалерите
кои ќе останат во Англија, по дуелот со Астон Вила треба да отпатуваат за Катар
и да се стават на располагање за финалето или мечот за трето место.

Едно вакво
сценарио е лудост и тешко замисливо, но парите често го диктираат распоредот,
па се е можно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×