231
Стефано Пиоли се
радува на првите три бода на кормилото на Милан, во последниот натпревар од 10.
коло, Милан со 1-0 ја доби пресметката со СПАЛ.
Клучниот момент
се случи во 63. минута кога критикуваниот Сусо мајсторски биеше од слободен
удар за предност на домаќините.
Претходно во
првиот дел, Кастиљехо од неколку метри ја погоди само пречката, а во завршните
мигови, Пакета имаше шанса за 2-0 но неговиот обид беше одбранет.
СПАЛ можеби не
беше надигран, но гостите креираа премалку во нападот и воопшто не го ставија
на тест Џиџо Донарума, кој без проблеми одбрани неколку удари од далечина.