Барселона би можела да пазари во Бока Јуниорс, под будно око следи еден надежен дефанзивец (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона под
будно око го мониторира развивањето на тинејџерот од редовите на Бока Јуниорс,
дефанзивецот Сантијаго Рамос Минго, кој идниот месец ќе наполни 18 години, а со
своите изданија веќе го привлекува вниманието кај европските гиганти.

Минго се уште
нема забележано настап во сениорскиот состав на славниот аргентински клуб, а
воедно нема ниту потпишано професионален договор со тој клуб, што значи дека
Каталонците доколку бидат брзи во својата реакција, би можеле да го ангажираат
за мошне скромна цена, пренесе аргентинскиот медиум „ТјЦ Спортс“.

Се шпекулира дека
семејството на фудбалерот веќе добило понуда директно од Барселона, меѓутоа
сево ова останува да се формализира во периодот кој претстои, а се уште нема
детални информации што содржела понудата, односно какви услови имало во неа.

Се верува дека
човекот кој стои зад оваа операција во каталонскиот гигант е Хозе Мариа Бакеро,
првиот човек за развој на младинскиот погон во Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×