Емери нема друг избор, Озил се враќа против Вулверхемптон?

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Арсенал, Унаи Емери најави дека Месут Озил би можел да
забележи настап на пресметката против Вулверхемптон на домашен терен во рамките
на 11 коло од Премиерлигата претстојниов викенд.

Доколку се
остварат најавите, тоа ќе биде враќање на Германецот во Премиерлигата по четири
меча изоставување од неговиот тренер, Озил последен настап во најсилниот
фудбалски шампионат на Островот го забележа на мечот со Ватфорд на 15
семтември, а од тогаш па наваму не беше ниту во составот на „Топчиите“.

За мечот кој
следи во сабота, во мојот ум постои можност да го искористам повторно, Озил
одигра одличен меч
“ рече Емери по синоќешниот возбудлив меч кај Ливерпул во Карабао
купот на Англија кој „Топчиите“ го загубија на пенали откако одиграа реми со
резултат 5-5.

Емери на некој
начин добиваше критики на своја адреса за тоа што го изоставуваше Германецот
кој синоќа на „Енфилд“ одигра 65 минути и беше и повеќе од солиден, а тој би
можел да се врати најмногу поради ситуацијата која настана со Гранит Џака кој
ќе биде поштеден во сабота, со што се отвори опција во средниот ред за Озил да
настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×