Пике открива со кој има пријателски односи во Реал Мадрид: Не можам да кажам дека со Рамос…

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Барселона, Џерард Пике говорејќи во шоуто „Ел Ларгуеро“ на „Кадења Сер“ во
текот на вчерашниот ден, откри со кои фудбалери на најлутиот ривал на
Каталонците, Реал Мадрид, тој има пријателски односи.

Пике открива дека
и покрај фактот што Барселона и Реал Мадрид имаат огромно ривалство, тој е
пријател со неколку фудбалери од составот на „Кралевите“, со кои воедно беше и
во националниот состав на Шпанија.

Имаме одличен
однос со Начо, исто и со Лукас Вазкес, не би можел да кажам дека сме пријатели
со Серхио Рамос, но имаме срдечен однос и постои голема почит помеѓу нас
“ рече
Пике.

Исто е со Алваро
Мората, кој повеќе не е во тимот на Реал Мадрид, туку во Атлетико Мадрид,
секогаш сум имал одличен однос со него
“ додаде Пике.

Пике во интервјуто признава
дека неколку пати во својата кариера бил главниот „виновник“ што атмосферата на
мега популарното „Ел Класико“ ја довел до максимално ниво, меѓутоа додава дека
по тие дерби пресметки, тој е едноставно друга особа, а воедно има одлични
односи со своите ривали од составот на „Кралевите“.

За другите луѓе,
ривалството е нивниот живот, за мене не е така, јас тоа го гледам од еден
поинаков агол и никогаш нема да се променам на таа тема, чувствувам многу почит

додаде дефанзивецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×