Јирген Клоп се закани дека ќе го повлече Ливерпул од Лига Купот доколку не му најдат соодветен датум за играње на следниот меч.
Проблем е настапот на Ливерпул на Светското клупско првенство. Четвртфиналните дуели од Лига купот се поклопуваат со нивниот настап во Катар.
„Доколку не ни најдат соодветна дата за да го одиграме мечот, да не е тоа во три часот на Божиќ, ние нема да играме“, вели Клоп.
„Тие треба да донесат одлука. Треба да се размислува за вакви работи“.
„Доколку имате листа со натпревари во која еден тим не може да биде дел од сите тие натпревари, треба да размислите за таа листа“.
„Игравме вечерва, сакавме да победиме и го направивме тоа, доколку не ни најдат соодвете датум, не можеме да играме во следното коло и кој и да биде наш противник ќе оди понатаму или Арсенал ќе игра против нив“.