423
Избраниците на
Зинедин Зидан конечно заиграа како што се очекува и без многу проблеми го
совладаа Леганес со убедливи 5-0. Гостите брзо капитулираа на Сантијаго
Бернабеу, Родриго во 7. минута го отвори резултатот а веќе во следниот напад
Крос донесе 2-0.
Во 24. минута
Рамос реализираше пенал и испиша историја. Дефанзивецот стана само вториот
играч во историјата кој постигнува гол 16 сезони во низа во Ла Лига,
постигнуање кое до сега го имаше само Лео Меси.
Во продолжението
од мечот во листата на стрелци се запиша и Бензема, а во завршните мигови, Лука
Јовиќ го постигна својот деби погодок откако долично се снајде по нафрлувањето
на Карвахал и со глава биеше за конечни 5-0.