Пандев и Џенова го намачија шампионот но потклекнаа во финишот, Роналдо од пенал во 95. минута донесе победа за Јуве (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Горан Пандев со
капитенската лента на рака ја предводеше Џенова до одличен меч на гостувањето
во Торино. Избраниците на Мота одлично му се спротивставија на Јувентус и го
намачија шампионот на Италија. Беа на прагот на голем бод и покрај тоа што повеќе
од половина час играа со играч помалку, но потклекнаа во финишот, Кристијано
Роналдо од пенал во 95. минута донесе триумф од 2-1 за „старата дама“.

Бонучи го отвори
резултатот во 36. минута од мечот, дефанзивецот највисоко скокна по еден корнер
и погоди за 1-0. Пет минути подоцна, Куаме изедначи со мошне среќен гол.
Напаѓачот биеше од врвот на шеснаесетникот, ја погоди својата лева нога и го
измами Буфон за 1-1.

На стартот од
вториот дел, Касата доби втор жолт картон, па гостите останаа со играч помалку.
Но и покрај тоа, Јувентус се мачеше да креира 100% шанса. Во финишот силите на
теренот беа изедначени откако Рабио набрзина заработи два жолти картони.

Во завршницата се
случуваше драма откако Роналдо погоди за 2-1 но само голот да биде поништен
поради офсајд, но веднаш потоа беше свирнат пенал за домаќините а ЦР7 прецизно
биеше од белата точка за победа и враќање на врвот  на табелата.

На останатите
натпревари од 21 часот, Каљари со 3-2 ја совлада Болоња, Лацио со 4-0
триумфираше над Торино, Рома со 0-4 славеше на гостувањето кај Удинезе,
Фиорентина со 1-2 победи кај Сасуоло, а мечот помеѓу Сампдорија и Лече
финишираше 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×