Одбраната на Наполи „заспа“ во завршницата, Иличиќ донесе реми за Аталанта (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Наполи на два пати водеше, меѓутоа на крајот на успеа да ги освои посакуваните три бода во дуелот против Аталанта на домашен терен во рамките на 10. коло во
италијанската „Серија А“, а на оваа пресметка до паузата беа постигнати два
погодоци на обете страни.

Најнапред
Максимовиќ во 16. минута донесе почетна предност за домаќините, за на четири
минути пред истекот на регуларните 45 минути игра во првото полувреме, Фруле да
израмни на 1-1.

Во второто
полувреме Наполи повторно се врати во водство, овој пат со 2-1 по голот на
Милик во 71. минута, а иако домаќините помислија дека трите бода се веќе освоени, Иличиќ со гол во 85. минута донесе вреден бод за гостите од овој меч, а за одбележување е тоа како Словенецот беше оставен сам, непречен од никого во оваа ситуација каде одбраната на Наполи „заспа“.

На табелата Аталанта е трета со 21 бод, три повеќе во однос на Наполи кој се наоѓа на четвртото место. Лидер е Интер со 25 бода, два повеќе во однос на Јувентус кој на домашен терен го пречекува тимот на Џенова каде настапува нашиот Горан Пандев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×